Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Активистите од „Здрава котлина“ до Владата: Размислете добро за рудникот, ќе предизвикате револт и масовни протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Активистите од здружението „Здрава котлина“ и’ порачаа на Владата да размисли добро да одлуката што ќе ја донесе денес, а се однесува на концесиите за рудникот во Иловица.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Ова не е нешто што така ќе ви помине! Бидете свесни дека за почеток ќе предизвикате експлозија на наталожен револт, граѓанска непослушност, масовни блокади и протести“, велат од „Здрава котлина“.

— реклама —

Со години бегате од тешките прашања, велат активистите до Владата, но ние остануваме зошто немаме друг избор.

„Јасни ни се сите игри, сите играчи и сите механизми, но бидете на чисто дека со ова нема играчки. Впрочем ќе се уверите многу брзо ако донесете погрешна одлука. Јавниот интерес на граѓаните е многу над приватниот интерес на елитите во партиите. Рудник нема да има“, додаваат.

— реклама —

Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, додека министерот за економија Крешник Бектеши пред министрите ќе реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година.

Од Министерството за екомимија сметаат дека давањето позитивно мислење за спојување на концесиите ќе спречи компанијата Еуромакс Ресорурсис да поведе арбитражна постапка против државата.

— реклама —

Од компанијата, пак, уверуваат дека нема никаква основа за грижа за здравјето на граѓаните и животната средина. Велат дека долготрајната негативна кампања насочена против реализација на инвестицијата преку манипулирање со чувствата на луѓето и пласирање невистини предизвикала неоправдан страв и загриженост на широката македонска јавност.

Еуромакс Ресоурцес ги охрабрува сите граѓани, во духот на партиципативната демократија, засилената улога на „граѓанинот“ и организираните форми на граѓанско здружување по прашања за заштита на животната средина – втемелени во Архуската Конвенција, преку дијалог да се информираат за сите процеси кои на било кој начин предизвикуваат вознемиреност во јавноста.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања