Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства, време е да ги отвориме Хашките случаи, вели Најчевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
425810964_122120116172169469_7210550249429002114_n

По Павле Трајанов од Демократски сојуз, и професорката Мирјана Најчевска повика да се отворат Хашките случаи. Според неа, злосторства против човештвото не застаруваат.

— реклама —

„Актуелниот премиер на Македонија е човек осомничен за воени злосторства кој беше амнестиран од страна на ДПМНЕ. Време е да ги отвориме Хашките случаи. Злосторствата против човештвото не застаруваат“, напиша Најчевска.

Претходно, слично барање имаше од Трајанов.

— реклама —

„Демократски Сојуз на Павле Трајанов излезе со барање Парламентот да создаде услови за продолжување на постапката за решавање на четирите хашки предмети од 2001 година. Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети "Вотство На ОНА", "Липковско Езеро", "Гробница Непроштено" и "Мавровски работници", да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети. Согласно Женевските Конвенции, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства. Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност. Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства“, стоеше во соопштението од партијата на Трајанов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања