Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Акуведер: Европа ја очекува топла и сушна зима

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 години -

Свет
zima

Метеоролошкиот сервис Акуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.

Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.

— реклама —

– Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува Акуведер.

— реклама —

Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кадиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.

— реклама —

Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.

На подрачјето на Германија и Франција, сепак, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно и пософистицирано време.

Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања