Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Алармантен пад на наталитетот: Во 2025 родени само 15.500 бебиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryjv2em5bnrvut3XsFyW9

Македонија во последната деценија бележи значителен пад на бројот на новороденчиња, покажуваат најновите демографски податоци презентирани на одбележувањето на „Неделата на женско здравје 2026“, организирана од Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Според податоците, во 2025 година во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000, што претставува пад од речиси 30 проценти.

— реклама —

Проф. д-р Елена Џикова од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство истакна дека падот на наталитетот не треба да се гледа само како статистика, туку како сериозен општествен аларм.

— реклама —

„Тоа не е само бројка, туку сигнал дека мора многу повеќе да се вложува во женското репродуктивно здравје, во поддршка на семејствата и во системска грижа која ќе почне уште од најрана возраст“, рече Џикова.

— реклама —

Таа нагласи дека едукацијата и превенцијата мора да бидат континуиран процес, почнувајќи од школска возраст, преку репродуктивниот период, па сè до бременоста. Според неа, современата медицина овозможува навремено откривање и превенција на многу компликации доколку жените редовно одат на гинеколошки прегледи.

Од МАГО предупредуваат дека голем број жени и понатаму доаѓаат на прегледи предоцна, кога симптомите веќе се развиени.

Специјалистот д-р Илир Шурлани од Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ посочи дека најголем проблем е недостигот на навика за редовни контроли.

„Многу состојби можеле да бидат откриени многу порано и третирани успешно со едноставни и редовни гинеколошки контроли“, рече Шурлани.

Претседателот на МАГО, проф. д-р Глигор Тофоски, изјави дека организацијата се стреми кон поширока едукација на јавноста за превенцијата и современите пристапи во гинекологијата.

Тој посочи дека годинава посебен фокус е ставен на синдромот на полицистични јајчници, кој денес се дефинира како полиендокрино-метаболно-оваријално заболување, поради неговото влијание врз целиот организам и поврзаноста со дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања и проблеми со плодноста.

Тофоски нагласи и дека опфатот со ХПВ-вакцина во земјава изнесува околу 56 до 58 проценти, што е значително под нивото во развиените земји каде опфатот надминува 90 проценти.

„ХПВ-вакцината е единствената вакцина која може да спречи појава на цервикален карцином, но и да придонесе кон негово искоренување“, истакна Тофоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања