Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Алармантно во битолскиот затвор: „Заштитени осуденици се чуваат тука, место нема, 26 вработени се справуваме со 100 осудени лица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
hrvatski-zatvori-iskustvo

Алармантна е состојбата во затворот во Битола, алармира Независниот синдикат на затворската полиција и администрација-Битола. Тие посочуваат дека затворот е пренатрупан, директорот за извршување санкции Јовица Стојановиќ им носи уште затвореници, а тие се само 26 вработени кои треба да се справат со 100 осуденици и 18 притвореници.

— реклама —

„После настаните во Казнено поправните домови проблемот се пресели и во затвор Битола. ДВАЕСЕТ И ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА неможат да се справат со пренатрупаноста од осудени лица во затворот.

Како што знаете КПУ Затвор Битола е затвор од полуотворен тип во кој што престојуваат 100тина лица (иако капацитетот е за 60) и има притворско одделение во кое моментално има 18 лица. И покрај ваквата пренатрупаност и неможноста за прием на лица за издржување казна затвор, Управата за извршување на санкции и Директорот Јовица Стојановиќ од нему познати причини пред 2 месеци издаде решенија за преместување на лица кои се од Скопско Апелационо подрајче и на кои што местото не им е во затвор Битола, а кои се заштитени од моменталната гарнитура на власт во државата.

— реклама —

Како ние 26 луѓе да се справиме со 100 осудени лица и 18 притворени меѓу кои се и овие лица кои ги премести Директорот Јовица Стојановиќ наводно на неколку денови а ги остави 2 месеци и сега несака да слушне да ги врати во Скопје во затворите каде што и треба да ја издржуваат казната.

Ние како вработени во Кпу Затвор Битола се обративме писмено преку Независен Синдикат на затворска полиција и администрација до Директорот на Управата и Министерот за Правда за проблемот меѓутоа не наидовме на разбирање.

После ваквиот игнорантски однос на Директорот на УИС и Министерот за Правда одлучивме да ја известиме јавноста за проблемот и дека ги разгледуваме законските можности за стапување во генерален штрајк се до моментот на решавање на проблемот“, велат од Независен синдикат на затворска полиција и администрација Битола

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања