„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Албанец измамен од непознато лице, платил 150 евра за работа во Австрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На 15.12.2018 година во 19,10 часот во Полициска станица Тетово Н.Ш.(28) од Елбасан Р.Албанија пријавил измама извршена од страна на непознато лице.

— реклама —

Имено, Н.Ш. видел објава на социјалната мрежа Фејсбук дека се бара работник за работа како келнер во Р. Австрија, по што пишал дека е заинтересиран за работата и од страна на непознатото  лице му било посочено дека треба да дојде во Тетово и со себе да носи 150 евра и две фотографии.

Откако во текот на вчерашниот ден (15.12.) оштетениот дошол во Тетово и се сретнал со непознатото лице, му ги дал парите, сторителот му го земал и мобилниот телефон наводно за да стави сим картичка и заедно заминале пред фото студио на улица "Илинденска" во Тетово за да се фотографира Н.Ш. Кога пристигнале пред фото студиото, непознатото лице му рекло на Н.Ш. да влезе внатре да се фотографира, а тој ќе го чека надвор, по што го напуштил местото на настанот.

— реклама —

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања