Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија: Протераа нашинец затоа што газдата го пријавил за нелојалност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Магазин
73539b2707649303e004eb85f9c0c76463e57650b5b645fafcd3b4cf63c34079

Ни раскажува еден Албанец од Тетово, гастарбајтер во Германија:

— реклама —

„Во фирмата кај што работам, газдата е над 65 години, секој ден пред работниците на работа, руча со нас во менза, муабет со сите... Така разбравме дека немаат деца со сопругата... Еден ден, еден наш, од гостиварско (само тој и јас бевме од Македонија во фирмиштево), му се обраќа на сопствеников на бизнисов: ’Абе, многу си чуден! Што туку се влечкаш секој ден пред сите на работа, се уште се секираш, мачиш...!? Кому ќе го остаиш бизнисов!? Земи продај се ова, оди шетај со жената си!’

Сите (Германци, Бугари, Турци, Грци, Руси...) заќутевме, ко залеани - вакво нешто да искоментираш и на вервериците им е повеќе од јасно дека во најмала рака е дрскост! Газдава, ’мртов ладен’, му возвраќа: ’Како бе, кому!? Па на Германија ќе и оставам! На државата, која и ми го овозможила ова да го создадам!’

— реклама —

Не помина недела, го снема нашинецов! Бизнисменов го пријавил во Имиграционо дека не е лојален граѓанин, дека не и мисли добро на Германија, дека е себичен...

Ене го гостиварчанецот, бере печурки да ги прехрани петте деца... “

Тоа е таа разлика!

Овде, во МКД, не можеш да најдеш лидер, авторитет што вака размислува, а не пак, бизнисмен или обичен човек!

Не сме ние мала земја. Мала ни е душата.

https://www.facebook.com/BrankaDN/posts/10220416452578789

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања