Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Албанија забрани влез на 27 тони пилешко месо од Бразил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
pilesko-meso

Албанската Агенција за контрола на храна забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил.

— реклама —

-При контрола од страна на инспекторите за храна во пристаништето Драч, откако беше констатирано дека е небезбедно за консумирање блокирани се 27 тони пилешко месо со потекло од Бразил, а наменето за албанскиот пазар. Пратката имаше невалиден ветеринарен сертификат, како главен документ за безбедност на производот, соопшти Агенцијата, објави (МИА)

— реклама —
— реклама —

Деновиве Агенција за контрола на храна забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, од Канада и од Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони беа со крајна дестинација Косово.

Албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола во кланиците во Албанија. (МИА)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања