За да купат некој литар повеќе гориво, жители на Албанија на струшките бензински го креваат задниот дел од автомобилот, објави А1 ОН. На бензинските покрај пумпите за гориво има опрема за едно тркало да се поткрене, за да може бензинот да навлезе во цевките, па покрај резервоарот и тој простор да се наполни со бензин.
Опремата е всушност дрвен подметнувач кој бензинарите го доближуваат до едното тркало и автомобилот се качува по него. Има две димензии подметнувачи – еден помал, за автомобили и еден поголем за погабаритни возила. Според објаснувањето на вработените на бензинската, еден поткренат автомобил собирал пет до седум литри повеќе бензин.
Литар бензин во Албанија е за околу 20 денари поскап отколку кај нас.