Алек Теранова нема доказ дека инвестирал во туѓи станови и плацеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
248496632_583914012876026_3884716189739878668_n

Обвинетиот Сашо Мијалков го распрашуваше сведокот Александар Ивановски-Теранова околу деталите дадени во неговиот исказ. По скоро секое цитирање на исказот, Сашо Мијалков го интересираше дали сведокот има материјален доказ за контактите и средбите за кои тврди дека ги имал. Ивановски-Теранова негираше.

— реклама —

“Нели е нелогично преку тебе да се распрашувам за земјиште, туку за друг, како што кажуваш и ти, па не ја гледам причината зошто би прашувал, особено ако тој за кого ти кажуваш дека било наменето земјиштето имал секојдневен контакт со сите институции. Која е логиката?”, праша Мијалков, на што сведокот одговори: “А што тој што гледал ДУП-ови не сакал да се знае дека има плацеви”, на што Мијалков му рече: “Ќе ја видиме таа логика понатаму затоа што не е така”. Судијата реагираше на коментарот, а Мијалков врати: “Ако да се разбереме малку”.

— реклама —

“Дали ти Алек имаш доказ дека јас сум ти се јавил?”, праша Мијалков, на што Ивановски-Теранова одговори: “Немам доказ, телефонски беше тоа”.

— реклама —

“Треба да ги снимам разговори, ако барате доказ, немам”, одговори Александар Ивановски-Теранова на уште едно прашање за тоа дали за исказот и разговорите кои ги споменува има материјални докази.

“Ти немаш вакво искуство, ти посакувам и да немаш. Постапката е таква да одговараш само тоа што прашувам”, рече Сашо Мијалков.

На ова реагираше Лиле Стефанова, поради што судијата Илија Трпков ја предупреди дека не смее да се обраќа директно до Сашо Мијалков.

“Немојте да преговарате директно. Мене ќе ми се обратите па ќе направам јас ред во судница”, рече судијата Илија Трпков до Лиле Стефанова.

Александар Ивановски-Теранова кажа дека нема доказ со кој може да потврди дека инвестирал во туѓи станови и плацеви.

“Ваш плац, ваши пари, ваши комуналии. Како да веруваме дека тие станлви и плацови не се ваши?”, праша адвокатот Давидовиќ, а сведокот кажа: “Мој плац мои комуналии, моја градба а беше правена за Телеком. По вашата логика ако одиме”, а адвокатот врати: “Ама сте земале пари за тоа”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања