„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Александар Дуклески од Охридско, сруши 10 национални рекорди во рубикова коцка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
aleksandar-rubikova-kocka

На вториот официјален натпревар во рубикова коцка „Macedonia Winter 2019“, што се одржа во Скопје, Александар Дуклески од охридското село Требеништа, општина Дебрца сруши 10 национални рекорди. Тој на ниво на Македонија освои вкупно седум медали, од кои шест златни и еден сребрен.

— реклама —

За неговата вештина и талент, веќе е запозната и пошироката јавност, а заслужено признание доби и од градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, кој го прими младиот талент во неговиот кабинет.

Тринаесет годишниот Александар Дуклески продолжува да ниже успеси и медали. Тој освои 4 медали на интернационално ниво и тоа два сребрени , како и два бронзени. На ниво на Македонија освои вкупно седум медали, од кои шест златни и еден сребрен.

— реклама —

Секоја Ти чест, мајсторе!, напиша градоначалникот на општна Дебрца Зоран Ногачески на социјалната мрежа фејсбук.

Рубикова коцка е механичка загатка изумена во 1974 од унгарскиот вајар и професор по архитектура Ерно Рубик. Оригинално наречена „магична коцка“ од нејзиниот пронаоѓач, оваа загатка е преименувана како „рубикова коцка“ од компанијата „Ideal Toys“ во 1980.и исто така ја освои награда за како германска игра на годината (Spiel des Jahres), во специјалната категорија за загатки. Таа е светски најпродаваната играчка, со над 300.000.000 рубикови коцки и нејзини имитации продадени низ целиот свет.

Во типична коцка, секоја страна е покриена со девет налепници во шест бои. Кога загатката е решена, лицето на секоја страна од коцката е во една боја.

Загатката доаѓа во четири можни верзии: 2×2×2 (џебна коцка, наречена и мини коцка, јуниорска коцка или коцка мраз), 3×3×3 стандардната коцка, 4×4×4 (Одмаздата на Рубик), и 5×5×5 (Професорската коцка). Постојат и поголеми коцки, 6x6x6 и 7x7x7 се исто така пристапни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања