Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова ја забавуваа публиката во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
DSC_5310

Во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“, синоќа во паркот „Македонија“ повеќе од еден час публиката ја забавуваа популарните македонски ѕвезди Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова. Посетителите, од сцената во паркот имаа можност да слушнат многу авторски песни и евергрини. Градоначалникот Филип Темелковски заедно со семејството уживаше во музиката на изведувачите.

— реклама —

Покрај ова, во организација на Општина Кисела Вода и КК „Ангели“, вчеравечер на спортскиот терен во училишниот двор на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населбата Драчево стартуваа натпреварувањата во Баскет 3х3.

— реклама —

На крајот од натпреварувањето во OLD SCHOOL BASKETBALL, градоначалникот Филип Темелковски на екипите: Кантина, Биоплант, Шутерс и Братство им додели дипломи. Натпреварувањата продолжуваат вечер од 17:00 часот,  во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, каде ќе се игра Fiba endorsed. На 1 септември, со почеток во 22:00 часот, во дворот на истото училиште ќе се одигра финалниот натпревар.

Вечерва, на месноста Три круши, на затворањето на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ посетителите ќе ги забавуваат Мики Јовановски-Џафер,  Искра Трпева, КУД „Китка“ и Ѓоко Танески. Концертите ќе започнат во 20:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања