„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Александар Николоски за 7 години земал 127 илјади евра за патни трошоци?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Aleksandar-Nikolovski

Експратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во времето додека седел во пратеничките клупи, инкасирал високи средства за патни трошоци. Спроед базата на податоци која ја објави Министерството за финансии, буџетарот Николоски од 2010 па до 2017 година, инкасирал над 127.000 евра исплатени од Собранието.

— реклама —

Николоски е по потекло од Охрид, а најголем дел од овие средства се исплаќани на негова сметка преку контото „патување во земјата - патни расходи“, ставка која се користи за исплаќање на патни трошоци.

Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом.

— реклама —

Во изминатите години имаше жестоки реакции дека пратениците кои потекнуваат од подалечните места од Скопје во 2017 и 2018 година зеле високи патни трошоци поради проблематичната методологија на пресметка.

Патни трошоци е една од ретките теми која ги обединува сите пратеници. Кога ќе се споменат овие трансфери на пари, власта и опозицијата се секогаш заедно, односно делат исти ставови и се штитат меѓусебно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања