Александар Тодоров е назначен за нов селектор на кошаркарскиот сениорски тим на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Спорт
selektor

Македонскиот стратег Александар Тодоров на прес-конференција официјално е назначен за нов селектор на кошаркарскиот сениорски тим на Македонија.

— реклама —

— реклама —
„Сметам и наидов на поддршка дека покрај пласманот на ЕП 2021 треба да се изврши и подмладување на репрезентација, затоа што имавме млади генерации кои играа на Европски првенства, а досега имавме проблем со подмладувањето. Исто така имаме успешни млади играчи и дома и во странство. Подмладувањето можеби звучи како алиби, но се работи за потреба да се даде шанса на тие деца кои многу скоро треба да станат костур на тимот. Имаме два меча во февруари во Естонија и Русија. Спортски гледано е да ја победиме Естонија и да одиме на ЕП 2021, додека неспортски гледано е Русија да не добие шанса за настап, па директно да патуваме на собирот. Но, немам јас таква среќа. Во нашата група Италија е директно пласирана, не знаеме со каков состав ќе игра. Ние допрва ќе го откриеме списокот, но горе-долу веќе ни е познато кој ќе игра“, изјави Тодоров на промоцијата.

Тодоров доаѓа од Романија, а ќе биде 14-тиот селектор на тимот. На кормилото тој го наследи Јорданчо Давитков. Целта е една, пласман на Европското првенство (ЕП) во 2021 година, преку квалификациите.

фото: гол.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања