„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Александра Скорниева е најдена жива и здрава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Полицијата утрово ја пронајде жива и здрава 29-годишната Александра Скорниева, која вчера утро околу 8:15 минути излегла од својот дом и 24 часа од неа немаше ни трага ни глас, објави велешкиот портал Батали.

— реклама —

Од СВР Велес ја потврдија информацијата дека Скорниева утрово е пронајдена кај мостот на браната на езерото Младост. Таа е во добра здравствена состојба и е контактибилна, со мала повреда на телото.

Братучедот на Александра Скорниева, Велешанката која вчера на социјалните медиуми нејзиното семејство ја пријави како исчезната, соопшти дека неговата братучетка е пронајдена.

— реклама —

Полицаец ја лоцирал падната во провалија, повредена е (има скршеници) но не е во животна опасност. Пронајдена е утрово околу 09:00 часот.

Секоја чест за опсежната потрага на сите вклучени и особено за полицаецот кој ја пронашол. На семејството му посакуваме мирни денови, а на Александра добро здравје.

Нејзиното семејство синоќа побара помош од граѓаните, бидејќи Александра не си дошла дома цел ден. Утрово потрагата заврши успешно.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања