Од неофицијални извори дознаваме дека ќе бидат амнестирани пратениците Мукоски, Василевски, Арнаудов. Се барало и преиначување на осудителната пресуда за синот на Владанка Авировиќ кој доби три години затворска казна, како и затварање на процесот „Тендери“ кој го води СЈО против Елизабета Канческа – Милевска во кој е инволвиран и Мијалков.
Од она што го дознаваме, Јанчев и Тодоров ги понудиле Панчо Минов и Даниела Рангелова како „златна резерва“ доколку затреба.
Барањата на Александрова и Елизабета Канческа – Милевска, со цел гласање на уставните измени била слободата на Сашо Мијалков, но и исполнување на претходно договореното.