Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев на денешната прес-конференција истакна дека во нашата држава се зголемува процентот на царски резови па затоа треба да се упати внимание за ревидирање на клиничките протоколи, бидејќи како што вели секој царски рез понатаму носи ризик и за мајката и за новородените.
„Царскиот рез понекогаш е оправдан затоа што понекогаш за животот на мајката или животот на детето има оправдана индикација. Меѓутоа, според светската здравствена организација, оправдана е индикацијата кај 15 до 20%. Веќе и на светско ниво, некаде процентот на царскиот рез е 33%.
Меѓутоа, секогаш после третиот царски рез, сите светски протоколи предвидуваат стерилизација на мајката затоа што секој нареден царски рез е компликација. Меѓутоа, ние не можеме да ја стерилизираме мајката пред да добиеме согласност од неа. Ние во последно време треба да обрнеме внимание на мајчиниот морталитет затоа што се повеќе жени почнаа да раѓаат на повисока возраст кога има исклучителен број на коморбидитети. Сега имавме уште една многу тешка пациентка којашто има дијагностицирана онколошка болест, на почетокот на бременоста, ние сме и препорачале да ја прекине, бидејќи жената има 43 години, има онколошка болест, но таа кажува дека го прифаќа ризикот за истото да го роди. Ние не можеме, жената, со сила да ја натераме да ја терминира бременоста. Жената во исклучително тешка состојба, со цироза, имаше операција од 4 саати царски рез, со исклучителен стрес за сите во сала. Така да наредниот фокус се согласувам дека треба да биде на ажурирање на протоколите на препораките за царскиот рез непотребно да не се прави“, вели Алексиоска Пепестиев.
Таа додаде дека треба да се вклучат сите здравствени институции, како и приватните болници каде како што вели се малку полиберални кога станува збор за царски рез.