Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Алијанса и Алтернатива: Се потврди криминалната шема на Министерството за здравство и премиерот Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
alijansa-i-alternativa

По објавувањето на преписката на Министерството за Здравство со фантомската компанија од Хонг Конг, со цел набавка на кинески вакцини, се потврди криминалната шема на ова министерство и премиерот Заев, беше истакнато на денешната прес конференција од коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива.

Од Коалицијата додават:

— реклама —

Дури и во ова време на криза каде се заразуваат илјадници граѓани, кога бројот на заразени граѓани се зголемува секој ден, кога за жал се зголемува и бројот на граѓани кои ги губат своите животи, министерот Филипче и премиерот Заев немаат намера да обезбедат вакцини на редовна основа, но наместо тоа, се пазарат и за поволни цени и вложувања надвор од која било човечка норма.

— реклама —

Изненадувачки е како премиерот Заев ги користи компаниите споменати во таканаречените „бомби“ од криминалното делување на Груевски, за истата цел, но сега на штета на здравјето на граѓаните.

— реклама —

Во оваа ситуација, најлогично би било оставка од министерот Филипче и премиерот Заев, за доброто на граѓаните!

 

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања