Алијанса на Албанците и Алтернатива ја отфрлија „албанската“ платофма на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sela-2

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села го отфрли предлогот на ДУИ за петте столба или „албанската платформа“ за преговори со партиите на Албанците. Ова е второ одбивање од Алијансата за ДУИ, откако претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети не успеа да ги седне на иста маса претседателите на партиите на Албанците за поддршка за премиер Албанец.

— реклама —

Алијансата преку пет столба, еднакво како ДУИ, му одговори на Османи зошто ја отфрла понудената платформа за преговори:

1. ДУИ продолжува да биде најразединувачкиот политички субјект до денес. Експонентите на ДУИ, нашите 12 пратеници од Коалиција меѓу Алијансата и Алтернатива, ги претставуваат како 8 + 4.

— реклама —

2. Не се фаќај за рака со Лубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.

3. Не кради гласови и не ја купувај слободната волја на Албанците, за утре да се повикуваш на некредибилен легитимитет.

4. Не ги лажи Албанците, со столбови и со билети, туку исполни го вашето единствено ветување, ветувањето за премиер Албанец, за кое баравте гласови од Албанците.

5. За петтиот столб ја прашуваме ДУИ: Каде бевте вие кога беа направени уставните измени?

„На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе, како и вашите ветувања до граѓаните што ги напуштате веднаш штом ќе завршат изборите – вели Флакрон Беџети“, портпарол на Алијансата за Албанците.

Од Беса велат дека прво чекаат покана од ДУИ за разговор за тие теми.

-Се додека од ДУИ не добиеме официјална покана, нема ништо да коментираме, велат од Беса.

Османи вчера во изјава за ТВ21 рече дека е многу е важно партиите на Албанците да се согласат за „албанска платформа“ во политичката трка, која треба да биде постојана за албанската политика.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања