Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Алијанса за Албанците ги поддржува условите на Курти во рамките на дијалогот Косово-Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Алијанса за Албанците безрезервно ги поддржува условите кои јавно ги изнесе премиерот на Република Косово, Албин Курти, во рамките на дијалогот Косово-Србија со посредство на Европската Унија и поддржан од САД.

— реклама —

„Оценуваме дека здружувањето на општините со српско мнозинство не може да биде моноетничко и дека мора да биде во целосна согласност со правно-уставниот поредок на Република Косово и со одлуката на Уставниот суд од 23 декември 2015 година.

— реклама —
— реклама —

Малцинствата во Република Косово уживаат загарантирани права според највисоките европски стандарди, со пософистицирани механизми за заштита од која било друга земја во регионот. Секое решение кое би се засновало на шовинистичките барања на Белград би создало опасен преседан за регионалната стабилност зголемувајќи ги апетитите на различните националистички кругови, во кревко време за Западен Балкан, кога целиот политички капитал на повеќето земји во регионот е фокусиран на исклучување од Русија и заживување на проширувањето на ЕУ.

— реклама —

Бараме зголемување на мобилизацијата од меѓународните партнери за постигнување правно обврзувачки договор, со взаемно признавање во центарот и според роковите од европскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија“, вели Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања