Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Алијанса за Албанците: Потфрлувањето на власта за започнување на преговори летово, треба да го отвори патот за формирање на техничка влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Алијансата за Албанците ја поздравува препораката на Европската комисија за отворање преговори за пристапување, притоа потенцирајќи дека тоа не претставува голем напредок кој што треба да се слави од страна на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ.

Прво, како што е наведено во извештајот за напредок 2019 година, Европската комисија од 2009 година постојано му препорачува на Советот на ЕУ започнување преговори со Македонија. И второ, независно од мошне позитивниот тон, Извештајот за напредок 2019 не покажа конкретни резултати за условите утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година.

— реклама —

Кога ќе се сретнат на Европскиот самит во јуни 2019 година, лидерите на ЕУ ќе одлучат дали да започнат преговори за членство на Северна Македонија наспроти следнава позадина:

— реклама —

I) Одговорноста за нападот во Собранието на 27 април 2017 година Со Никола Груевски, кој се шета слободно во земја членка на ЕУ и со Трајко Велјановски и петте други пратеници кои го организираа терористичкиот напад а се уште се во функција, коалицијата СДСМ-ДУИ ја негира политичката одговорност . Уште полошо, целиот процес стана апсолутна фарса со казнување на невиниот Абдулфетах Алими.

— реклама —

II) Судските реформи и конечните казни во случаите на корупција и организиран криминал, вклучувајќи го и високото ниво и откриените злоупотреби со прислушувањата од 2015 година.

Извештајот за напредок, со право укажува дека корупцијата е широко распространета во многу области и останува загрижувачко прашање. Независноста на судството не се почитува и политичкото мешање во судството останува нагласен проблем. Кога станува збор за конечните казни за злоупотребите откриени со прислушувањата од 2015 година, извештајот за напредок се реферира на казната на Никола Груевски кој прави туризам во Будимпешта и Сашо Мијалков кој ужива во удобноста на хотел Мериот во Скопје. Со нацрт-законот за идниот статус и надлежностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), постои јасен ризик од општа амнестија, кој ќе се овозможеше од страна на политизацијата на наследниците на СЈО, на кого ќе му се повлечат покренатите обвиненија по 30 јуни 2017 и нема да се дозволи материјалите од прислушувањата да се користат како доказ во постапката.

III) Реформирање на разузнавачките и безбедносните служби. Како што е кажано од страна на Алијансата за Албанците во многу случаи, реформирањето на Управата за безбедност и контраразузнавање во Национална агенција за безбедност, предизвика две големи загрижувања. Прво, дискретното назначување на нејзин директор од страна на премиерот, покренува дилеми околу контролата и балансот. Второ, реформата не предвидува вистински процес за верификација на агентите за отстранување на влијанијата од времето на Југославија и на Груевски, како и на странските сили, како клучни елементи кои треба да бидат адресирани пред Македонија да стане членка на НАТО .

IV) Реформи во јавната администрација. Во Извештајот за напредок се наведува дека владејачката коалиција масовно користела краткорочни назначувања и перманентно го прекршувала принципот на регрутација базиран врз заслуга во јавната администрација. Алијансата за Албанците постојано истакнувала дека администрацијата е заробена од владејачката коалиција и се користи како гласачка машинерија.

Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за обезбедување конкретни реформи и враќање на довербата во државните институции беше двапати санкционирана од страна на граѓаните на Северна Македонија, еднаш на референдумот од 30 септември 2018, а потоа повторно во првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019.

Сега постои реален ризик неактивноста на владата да биде санкционирана од лидерите на ЕУ во контекст на пораст на чувствата против проширувањето во земјите-членки на ЕУ што ја објасни одлуката на ЕК за одложување на објавувањето на пакетот за проширување до после европските избори.

Потфрлувањето на власта СДСМ-ДУИ за започнување на преговори летово, треба да го отвори патот за формирање на техничка влада за да ја подготви земјата за предвремени избори, како предуслов за создавање на вистинска реформистичката коалиција која ќе има сила и политичка волја да ја материјализира европската перспектива на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања