Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Алијанса за Албанците за одлуката во Стразбур: Голема победа за надежта за правда во нашата земја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
alijansa-za-albancite

Одлуката на Судот во Стразбур, со која конечно се поништува аболицијата на поранешниот претседател, Ѓорѓи Иванов, е голема победа за надежта за правда во нашата земја. Оваа одлука уште повеќе ја зајакнува нашата определба во битката против криминалот и неправдата, ја враќа надежта кај граѓаните и силно удира врз сите оние кои се надеваа и се обидоа да се пазарат со правдата во интерес на криминалците и корумпираните, вели Алијанса за Албанците.

— реклама —

„Граѓаните и јавноста треба да бидат подготвени и за реакцијата на структурите и поединците кои се погодени и сега се загрозени од одлуката и од нашата борба за правда.

— реклама —
— реклама —

Преземањето одговорност во секторот за правда од страна на АА, без хипотеки на ВМРО, предупредувањето за спроведување на ветингот, формирањето на Бирото за конфискација на криминален имот и генерализацијата на заплената на криминалните имоти, со право создаде паника во редовите на криминализираните партии.

— реклама —

Во последните обиди за спас, структурите блиски до поранешниот режим на Груевски, Мијалков и нереформираната ВМРО, како и другите криминални структури блиски до нив, ќе го зголемат интензитетот на напади, клевети и манипулации. Но, и овој, како и многу други обиди, ќе пропадне и на крајот правдата ќе победи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања