Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Алиу призна дека не знае колку лекари има во државата, можеби има и други фантом-доктори како во Струга?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
azir-aliu

Министерот за здравство Азир Алиу денеска призна дека институциите во државата немаат точна и усогласена евиденција колку лекари има во здравствениот систем. Според него, податоците кои ги добива од различни институции се разликуваат, а тоа е, како што рече, „базичен системски проблем“.

„Јас сѐ уште не знам точна бројка на доктори. И кога велам точна, мислам – бројка е бројка, не може да биде плус еден или минус еден. Ако тоа не го знаеме, тогаш не можеме да знаеме ниту дали имаме уште некој како оној случај во Струга“, рече Алиу.

— реклама —

Изјавата доаѓа еден ден по објавата дека против 42-годишниот К. С. од Струга, вработен како лекар во Општата болница, е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата. Според полицијата, тој од 2019 до ноември 2024 година не се појавувал на работа, не го информирал работодавачот за прекинот на специјализацијата, и покрај тоа што му истекла лиценцата во 2020, продолжил да зема плата и додатоци, со што го оштетил буџетот на болницата за речиси два милиони денари.

— реклама —

„Ако еден ваков случај се појави во Струга, постои основана претпоставка дека можеби има и други, во други градови. И можеби додека зборуваме, тие сè уште функционираат“, додаде министерот.

Алиу откри дека уште во првите денови од преземањето на функцијата побарал од институциите конкретни и прецизни податоци за бројот и профилот на вработени во здравството. Но, како што рече, податоците што ги добива не се компатибилни, ниту пак одговараат на реалната состојба со систематизацијата и органограмите.

— реклама —

„Испративме ново барање, овој пат без условување со систематизација – туку за реалната бројка. Се чека одговор. За жал, секое барање трае“, рече тој.

— реклама —

Министерот додаде дека во Министерството се работи на функционална анализа која ќе даде јасна слика колку луѓе се потребни во системот, каква инфраструктура недостасува и колку време треба да траат медицинските процедури. Анализата, според него, е „една од најкрупните задачи“ и нема да се прави брзоплето, туку прецизно, по што ќе следуваат и реформите во здравствениот сектор.

„Сакаме процесот да биде точен, а не само брз. Пациентите не смеат да чекаат месеци за резултати. Со оваа анализа ќе знаеме точно каде сме и што недостига“, заклучи Алиу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања