Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Алиу: Работниците во угостителството се најизложени на штетните последици од пушењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryga7uv0td6kep0roMxYE

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од пушење.

„Постојниот Закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и од нашите обврски кон Европската Унија, но уште поважно, тој е одговор на реалните проблеми што директно ги чувствуваат работниците, компаниите и семејствата. Суштината е дека тутунот не е само здравствен предизвик, туку и економски товар за нашата држава. Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители, наспроти европскиот просек од 95 отсто“, истакна министерот Алиу.

— реклама —

Тој посочи дека освен здравствениот аспект - економскиот товар е речиси четирипати повисок од вкупните приходи што државата ги собира од акцизите на тутунските производи, односно за секој денар што влегува во Буџетот преку акцизи на тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици.

— реклама —

„Работниците во угостителството се најизложената група на штетните последици од пушењето. Со овие законски решенија чистиот воздух на работното место станува право на секој работник. Воведуваме и принцип на пропорционална одговорност – работодавачот што ги презел сите мерки и го пријавил прекршувањето, нема да одговара за туѓо однесување. Во однос на грижите за вработените во угостителскиот сектор, научните сознанија од светски референтни истражувања покажуваат дека сеопфатните забрани имаат неутрален или позитивен ефект врз продажбата во угостителскиот сектор. Додека пак, истражување спроведено во нашата држава од декември 2025 година покажува дека само 14% од угостителите сметаат дека сегашната регулатива е целосно неефикасна, а околу 50% се подготвени да се приклучат на иницијативи за средини без чад. Нивните забелешки не се против забраната, туку против нејасните правила и нелојалната конкуренција. Тоа го решаваме со универзални правила за сите. Предвидени се и разумни преодни периоди – шест месеци за изложувањето во малопродажбата и една година за угостителските тераси“, заклучи министерот Алиу.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbp3locmufvuboXdNkm

Алиу: Ќе продолжиме со подобрување на условите за медицинските сестри и акушерките, тие се столб на здравството

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
Screenshot-2025-06-22-at-11.17.02

Граѓаните ќе можат да се изјаснат за донорство кај матичен лекар: Измени во законот за трансплантација

Македонија | пред 1 месец

media-librarylisdff076568ftOapKq

Контрацепцијата и никотин-заменската терапија во новата листа на есенцијални лекови

Македонија | пред 1 месец

sestra

Министерство за здравство ќе проверува колку државните лекари работеле во приватни установи

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања