„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Алкакоид: На пазарот се појавија фалсификати на Ecosal i Dezintal

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Ekosal-i-Dezintal

На пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ – Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.

— реклама —

-„Aпелираме на внимание, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи од исклучителна важност во актуелната ситуација“, се вели во соопштението на „Алкалоид“.

Од компанијата посочуваат и како да се препознаат оригиналните производи за кои гарантираат квалитет и безбедно користење.

— реклама —

„На етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и на „Екосал“ и „Дезинтал“ кои се гаранција за оригиналното потекло на производите и за преземените мерки за нивна регистрација во соглчасност со важечките регулативи. Како производител е секогаш назначен „Алкалоид“ што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови. Производот „Екосал“ се полни во пакување од 500 милилитри, со затворање соодветно на типот на производот – антисептик, додека фалсификуваното пакување е од 1.000 милилитри, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“. Производите одат со соодветно упатство за употреба за кое гарантираме само доколку се произведени и спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“, стои во дописот на фармацевтскиот гигант.

фото: Алкалоид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања