Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Алкарас беше на работ на амбис, па направи целосен пресврт и се пласираше во третото коло на УС опен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Актуелниот шампион Карлос Алкарас се пласираше во третото коло на УС опен, но до победата стигна потешко од очекуваното. Шпанецот загуби сет од Португалецот Жаиме Фарија, но потоа целосно го презеде мечот и славеше со 4:6, 6:0, 6:3, 6:2.

Алкарас до победата над 72-от тенисер во светот стигна за два часа и 40 минути на стадионот „Артур Еш“, откако мораше да надополни сет-негатива.

— реклама —

Четирикратниот освојувач на гренд слем титули во првиот сет имаше можност да направи брејк и да поведе со 4:2, но не ја искористи брејк-топката. Фарија израмни на 3:3, а веднаш потоа му го одзеде сервисот на фаворитот и поведе со 4:3. Португалецот го задржа водството и го освои сетот со 6:4.

„Тежок меч за мене. Во првиот сет се чувствував одлично, имав брејк-топка, но не ја искористив. Потоа брзав. Не одвојував доволно време, не бев трпелив и тоа ме чинеше брејк“, изјави Алкарас.

Шпанецот посебно го истакна сервисот на Фарија, кој во текот на мечот достигнувал брзина од 225-226 километри на час.

— реклама —

„Против играч како Жаиме, кој сервира 225, 226 километри на час, многу е тешко. Се обидов да останам смирен и да верувам дека добрите работи повторно ќе се случат“, додаде Алкарас.

Во вториот сет ситуацијата целосно се промени. Фарија уште во првиот гем имаше две брејк-топки, но Алкарас ги спаси, а потоа започна неговата целосна доминација. Шпанецот направи три брејка и со 6:0 израмни на 1:1 во сетови.

— реклама —

Алкарас продолжи во ист ритам и во третиот сет. Веднаш направи брејк за 2:0, Фарија возврати, но Шпанецот веднаш повторно му го одзеде сервисот и поведе со 3:1. До крајот двајцата ги освојуваа своите сервис-гемови, па Алкарас поведе со 2:1.

Во четвртиот сет фаворитот повторно направи два брејка и стигна до убедливо водство од 5:1. Фарија немаше сили за пресврт, па Алкарас рутински го заврши мечот и обезбеди место во третото коло.

За Алкарас ова беше втор меч по враќањето на терените по четиримесечната пауза поради повреда на зглобот. Во следната рунда ќе игра против Кинезот Ву Јибинг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас се врати на тронот: Прва титула по 247 дена

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкарас со пресврт и доминација до третото коло во Токио

Спорт | пред 3 седмици

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкараз по драматичниот пораз: „Шелтон е ѕвер, неверојатен играч“

Спорт | пред 1 месец

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Томи Пол по поразот од Алкарас: „Разликата во нивото беше огромна, ужасно чувство“

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања