Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Алкарас паузира поради повреда на зглобот, кондициониот тренер порача: „Имаме две опции“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Спорт
media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ќе мора да направи подолга пауза поради повреда на рачниот зглоб, а тоа ќе го чини и настап на неколку клучни турнири од пролетниот дел на сезоната.

Според најавите, Алкарас ќе ги пропушти турнирите во Рим и Ролан Гарос, откако претходно веќе се повлече од Барселона и потоа од Мадрид, најавувајќи дека закрепнувањето ќе трае подолго од очекуваното.

— реклама —

По веста за откажувањата се огласи и неговиот кондиционен тренер, Алберто Љедо Килес, кој испрати порака со јасен тон дека тимот нема намера да го гледа периодот на принудно мирување како пораз.

„Тешките моменти се исто така дел од патувањето. Кога на вашиот пат ќе се појави пречка, имате две опции: да дозволите да ве собори или да ја искористите. Ние ја избравме втората опција. Овој период ќе ни овозможи да работиме на она што останува незабележано кога се натпреваруваме. Ќе се вратиме помотивирани и посилни од кога било“, напиша Љедо Килес.
— реклама —

Засега не е прецизирано колку точно ќе трае отсуството на Алкарас од терените, но неговиот тим остава впечаток дека ќе оди на внимателен пристап, со цел да се избегне ризик од влошување или повторување на повредата.

Во тековната сезона Алкарас има скор 22-3 и веќе освои две титули – на Австралија опен и во Доха. Ролан Гарос годинава е на програмата од 24 мај до 7 јуни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања