Промени тема
Контакт

Алкарас под знак прашање за Ролан Гарос: повредата може да трае со месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Спорт
media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Повредата на Карлос Алкарас предизвикува сериозна загриженост пред претстојниот турнир Ролан Гарос, а најновите процени укажуваат дека закрепнувањето може да трае многу подолго од очекуваното.

— реклама —

Шпанскиот тенисер веќе се повлече од турнирите во Барселона и Мадрид поради повреда на рачниот зглоб, додека неговото учество во Рим е речиси исклучено. Под знак прашање останува и настапот во Париз, што и самиот Алкарас го потврди.

— реклама —

Иако сè уште нема официјална дијагноза, специјалистот за повреди на шака, доктор Марк Жувенспан, предупредува дека можните сценарија не се воопшто безопасни. Според него, постои сомнеж за воспаление на тетива или повреда на лигамент во зглобот – состојби што можат сериозно да влијаат врз играта на тенисерите.

„Со зглобот нема гаранции. Може да се санира со терапија, но може и да трае многу подолго од очекуваното“, изјави тој, посочувајќи дека закрепнувањето кај ваквите повреди е непредвидливо.

— реклама —

Докторот додава дека ваквите состојби често се измамни – почнуваат со болка, но подоцна може да остане постојана непријатност која трае подолг период.

Проценките не се охрабрувачки, бидејќи закрепнувањето може да заврши за неколку недели, но во полош случај да се одолговлечи и повеќе од шест месеци, што остава неизвесност околу настапот на Алкарас на престижниот турнир во Париз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас се врати на тронот: Прва титула по 247 дена

Спорт | пред 4 дена

— реклама —
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкарас со пресврт и доминација до третото коло во Токио

Спорт | пред 1 седмица

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкараз по драматичниот пораз: „Шелтон е ѕвер, неверојатен играч“

Спорт | пред 1 месец

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Томи Пол по поразот од Алкарас: „Разликата во нивото беше огромна, ужасно чувство“

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања