Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Алкарас се пошегува со маичката на УС Опен: „Премногу ми се гледаа брадавиците“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Карлос Алкарас повторно привлече внимание на УС Опен, овојпат не само со одличните резултати, туку и со својот изглед на теренот. Шпанскиот тенисер пред мечот од третото коло направи мала промена во опремата, која самиот ја објасни со насмевка.

Во првите два меча Алкарас настапуваше во широка кафеава маица без ракави од „Најк“, изработена во соработка со Тревис Скот и брендот „Cactus Jack“. Поради кројот, за време на играта често му се гледаше дел од градите, што брзо стана тема на социјалните мрежи.

— реклама —

Следуваа бројни шеги и мемиња, а поранешната тенисерка Ежени Бушар дури му порача да ја „тргне брадавицата“.

Алкарас очигледно ги забележал реакциите, па во мечот против Кинезот Ву Јибинг под маицата облекол дополнителна бела маица.

— реклама —

„Мислам дека во последно време премногу ми се гледаа брадавиците“, се пошегува Алкарас по победата.

Тој потврди дека одлуката за промената ја донел самиот и додаде дека се чувствува многу удобно со дополнителната маица.

Промената во опремата очигледно не влијаеше врз неговата игра. Алкарас го совлада Ву Јибинг со 6:3, 6:4, 6:1 и се пласираше во осминафиналето на УС Опен.

— реклама —

Шпанецот во Њујорк се врати по повеќе од четири месеци пауза поради повреда на зглобот, а во првите три меча загуби само еден сет.

Во осминафиналето ќе игра против 20. носител Томи Пол, против кого има пет последователни победи во меѓусебните дуели.

„Тој е многу талентиран и исклучително тежок противник. Мислам дека е опасен за секого на Турот. Се радувам што повторно ќе играме“, изјави Алкарас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас се врати на тронот: Прва титула по 247 дена

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкарас со пресврт и доминација до третото коло во Токио

Спорт | пред 3 седмици

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Алкараз по драматичниот пораз: „Шелтон е ѕвер, неверојатен играч“

Спорт | пред 1 месец

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Томи Пол по поразот од Алкарас: „Разликата во нивото беше огромна, ужасно чувство“

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања