Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Алкарас со пресврт и доминација до третото коло во Токио

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

Карлос Алкарас продолжи во третото коло на АТП-турнирот во Токио, откако во возбудлив меч го совлада Американецот Алекс Микелсен со 2:1, по сетови 7:6, 4:6, 6:1.

— реклама —

Шпанецот и во вториот меч во Токио мораше да одигра три сета, откако во првото коло го совлада Јапонецот Сакамато во ист број сетови.

Микелсен имаше свои шанси уште во првиот сет. Поведе со 4:2, а при резултат 5:4 имаше три сет-топки на сервис на Алкарас. Сепак, Шпанецот успеа да се извлече, а потоа доминираше во тај-брејкот и го доби со 7:1.

— реклама —

Вториот сет донесе нови пресврти. Американецот поведе со 2:0, по што Алкарас освои четири гема во низа и поведе со 4:2. Микелсен, сепак, возврати со иста мера, освои четири последователни гема и го израмни резултатот во сетови.

— реклама —

Во решавачкиот сет Алкарас не му остави простор на противникот. Шпанецот брзо поведе со 2:0, потоа со 4:0 и 5:0, целосно преземајќи ја контролата врз играта. Микелсен успеа да освои само еден гем пред Алкарас да го затвори мечот со 6:1.

Во третото коло Алкарас ќе игра против Италијанецот Матео Арналди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го освои Мастерсот во Париз, Шелтон падна по голема борба

Спорт | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryeqqtcikqta6f4IB6Vr3

Алкарас го победи Руд и се пласираше во финалето на мастерсот во Париз

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас му ја затвори вратата на Фриц, познати сите учесници на Завршниот мастерс

Спорт | пред 1 седмица

media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го победи Медведев и се пласираше во финалето на турнирот во Виена

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања