Промени тема
Контакт

Алпските глечери забрзано исчезнуваат: Некои би можеле целосно да се стопат до 2050 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-library5s30pq37s150e5udfLm
unsplash

Алпските глечери забрзано ја губат својата површина, а доколку сегашниот тренд продолжи, дел од нив би можеле целосно да исчезнат во следните децении. Најновото истражување на италијанската еколошка организација „Легамбиенте“ покажува дека од 2000 година површината на глечерите на Алпите е намалена за дури 39 проценти, што се поврзува со глобалното затоплување.

„Легамбиенте“ секое лето ги следи најзначајните алпски глечери, а промените што ги регистрираат се сè поочигледни. Според Ванда Бонардо од организацијата, патеките што порано минувале преку мраз сега на делови се претворени во каменести предели, додека на места вода тече низ подрачја што до неодамна биле целосно замрзнати. Забележани се и длабоки пукнатини, што дополнително ја зголемува опасноста за планинарите.

Од организацијата предупредуваат дека глечерите на Алпите што се наоѓаат под 3.500 метри надморска височина би можеле да исчезнат до 2050 година.

— реклама —

Особено загрижувачки е примерот со глечерот Форни во близина на Бормио, во италијанската област Ломбардија. Глациологот Клаудио Смирала, кој го следи повеќе од шест децении, вели дека промените што ги забележал ова лето се нешто што досега не го видел во текот на својата кариера. Глечерот се распаднал на неколку делови, а неговата површина на повеќе места станала сива и црна, додека истовремено продолжува да губи мраз.

— реклама —

Според Светската служба за следење на глечерите, од 2000 година во просек годишно исчезнувале околу 273 милијарди тони мраз. До 2025 година годишната загуба достигнала околу 408 милијарди тони.

Процесот особено брзо се одвива на Алпите, каде што високите температури во планинските предели дополнително го забрзуваат топењето. Во текот на летото границата на замрзнување често се искачувала меѓу 4.000 и 5.000 метри, што значи дека и на височини каде што вообичаено се задржува снегот, температурите подолг период биле превисоки.

— реклама —

Недостигот на снег дополнително го забрзува топењето на мразот. Снежната покривка вообичаено има заштитна улога, бидејќи спречува сончевото зрачење директно да го загрева мразот. Кога снегот ќе се стопи, глечерот останува изложен, па процесот на топење се забрзува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања