Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Алта банка ги купи конфискуваните акции на Мијалков, државата се повлече од сопственичката структура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2022-12-26-at-15.38.56

Алта банка стана сопственик и на пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот во поранешната Стопанска банка Битола, со што практично се затвора приказната околу уделот поврзан со случајот „Империја“, објави Фактор, повикувајќи се на податоци од Македонската берза.

— реклама —

Станува збор за акции кои Агенцијата за управување со одземен имот ги понуди на јавна берзанска аукција откако Владата ѝ даде зелено светло за нивна повторна продажба. Купувач е Алта банка, но во берзанските објави не е наведено по која цена е реализирана трансакцијата.

— реклама —

Според официјалното соопштение, Алта банка АД Белград се стекнала со дополнителни 7.213 обични акции, со што нејзиниот удел во Алта банка Битола се искачи на 95,13 отсто од вкупниот број издадени акции.

— реклама —

Акциите беа дел од конфискуваниот имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, и претставуваа околу 1,8 отсто од капиталот на банката. Јавната берзанска аукција траеше од 5 до 13 јануари, со почетна цена од 3.194 денари по акција, а плаќањето беше предвидено во денари, со рок од два дена по аукцијата.

— реклама —

Алта банка од Србија веќе во октомври минатата година стана доминантен сопственик на поранешната Стопанска банка Битола, откако нејзината понуда ја прифатија над 260 акционери. Со последната трансакција, банката дополнително ја консолидира сопственичката структура, додека државата повеќе нема удел преку управуван конфискуван имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

„Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве“, вели Мицкоски за Алта банка

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library93a7o87canrk2qtvUrZ

Од понеделник се отвора експозитура на Алта банка во Прилеп

Македонија | пред 16 часа

media-library773at9uf35lk9IbMgB9

Ако има конкретен материјал и факти, ќе се отвори истрага за Алта банка, тврди Хаџи-Василева

Македонија | пред 1 ден

media-library6kk99rncb9hveaqKaiy

Српското обвинителство го замрзна имотот на сопственикот на Алта банка, Давор Мацура

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања