Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

АЛТА банка од денес овозможува плаќања преку електронско и мобилно банкарство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Македонија
media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg
Скопје1.мк

АЛТА банка од денес, 10 ноември, повторно овозможува извршување плаќања преку електронското и мобилното банкарство, во рамките на утврдените лимити за клиентите.

— реклама —

За клиентите кои поседуваат платежни картички, неделниот лимит изнесува 15.000 денари, додека за оние кои немаат картички е утврден лимит од 20.000 денари за период од две недели. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки и начини на користење на средствата, вклучувајќи плаќања со картички, подигање готовина од банкомати и на шалтер, како и плаќања преку електронско и мобилно банкарство.

— реклама —
— реклама —

Од утре, 11 ноември, со работа започнува и експозитурата во Скопје, лоцирана во ТЦ „Бисер“, на булеварот „Јане Сандански“ бр. 1/1. Експозитурите во Битола, Струмица и Тетово продолжуваат да работат и да ги обезбедуваат досега достапните банкарски услуги.

— реклама —

Од банката најавуваат дека клиентите навремено ќе бидат информирани за сите дополнителни промени и проширувањето на услугите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања