Пратеникот од Алтернатива, Зекирија Ибрахими синоќа најави дека по вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство.
На прашањето како ќе се формира ново мнозинство тој одговори дека тоа зависи од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-Тоа е во рацете на Мицкоски. Негова обврска е да формира ново мнозинство. Од нас има поддршка – истакна Ибрахими во гостувањето на емисијата „Клик плус“.