Шпанскиот напаѓач Алваро Мората (33) постигна договор за преселба во Леганес, клуб кој се натпреварува во втората шпанска лига.
Искусниот напаѓач, кој во текот на кариерата настапуваше за голем број европски клубови и беше шпански репрезентативец, неочекувано ќе ја продолжи кариерата во второлигаш. Негов приоритет бил да се врати во татковината и да биде поблиску до семејството, кое живее во Мадрид.
Мората неодамна го напушти Комо, каде што не добиваше значајна улога кај тренерот Сеск Фабрегас. Иако Комо во меѓувреме обезбеди пласман во Лигата на шампионите, двете страни се разделија.
Леганес му излезе во пресрет на Мората и му го обезбеди дресот со бројот 21, бројка што напаѓачот своевремено ја носеше и во Реал Мадрид. Играчот што досега го носеше тој број, Андрес Кампос, ќе настапува со бројот 16.
Одлуката да се пресели во Леганес е поврзана со желбата на Мората да остане во близина на Мадрид, каде што живеат неговите четири деца. Напаѓачот во минатото го опиша заминувањето од Атлетико Мадрид како грешка, бидејќи тогаш се оддалечил од престолнината и од своите најблиски.
Во богатата кариера Мората настапуваше за Реал Мадрид во два наврати, за Јувентус исто така во два наврати, како и за Челзи, Атлетико Мадрид, Милан, Галатасарај и Комо.