Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје од Левица, Апасиев најави рекорден број кандидати на локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
mecinovic-apasiev

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека кандидатот за градоначалник за Град Скопје од нивната партија ќе биде Амар Мециновиќ.

— реклама —

„Левица ќе настапи со рекорден број на кандидати. На минатите избори имавме осум кандидати, оваа година ќе одиме со преку 20. Претходно имавме 38 советнички листи, а оваа година ќе одиме над 62. Ова покажува дека Левица прераснува од мала во средно-голема политичка партија. Почнуваме со претставување на кандидатот на градоначалник за Град Скопје, место кое ќе биде за најглавен мегдан“, рече Апасиев.

Мециновиќ кажа кои ќе бидат негови приоритети, потсети дека бил и советник во Градот. Посебен фокус стави на јавниот транспорт, градската чистота, Генералниот урбанистички план, борбата со загадениот воздух.

— реклама —

„Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Јавниот превоз ќе ни биде првиот примарен приоритет за кој ќе се залагаме. На нивна страна се парите и моќта, а за она што ние го нудиме тие немаат одговор. Ова е наша борба и наша приказна, за нашето Скопје. За граѓаните треба да биде јасно дека гласаат за политичка волја, која ни пресуди ние сега да немаме автобуси“, рече Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Центар.

Мециновиќ влезе во трката со Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Каја Шукова кандидатка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања