Амбасадата на САД во Македонија, се огласи на социјалните медиуми за изборниот ден.
Нивни тимови се ширум земјата и го следат процесот за избор на нов претседател.
„Тимовите на Амбасадата денеска се ширум земјата и го набљудуваат процесот на гласање. На граѓаните им посакуваме среќен изборен ден и ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас“, стои во објавата на Амбасадата на САД.
