Промени тема
Контакт

Амбасадорите на ЕУ и САД нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин во Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
1680805716_putin

Амбасадорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Москва нема да присуствуваат на церемонијата на инаугурација на рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече дека оваа одлука е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на блокот.

— реклама —

„Нашиот амбасадор нема да присуствува, повеќето земји-членки нема да присуствуваат“, рече Стано, а пренесе Ројтерс.

Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.

— реклама —

Ројтерс вчера објави дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник.

— реклама —

Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.

Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

— реклама —

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат.

Путин на претседателските избори во март освои 87,28 отсто од гласовите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Свет | пред 1 ден

— реклама —
putin-5190

Путин тврди дека по бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО почнала да преовладува политиката на сила

Свет | пред 2 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Свет | пред 2 дена

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања