Промени тема
Контакт

Амбасадорката на Швајцарија во посета на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Svajcarska_donacija_Kosnozglobna_25072022005

Денес, Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман Марти, беше во посета на Охрид. Заедно со градоначалникот Кирил Пецаков, директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион Мирјана Лозаноска и претставникот на Советот за развој на Југозападен плански регион, ја посетија ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Директорот д-р Ацо Велески им го претсави базенот за физикална терапија, кој ЈЗПР во соработка со Општина Охрид во рамки на програмата за „Одржлив инклузивен рамномерен регинален развој“ го релизираа преку Минитерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

— реклама —

Од страна на стручните лица, Амбасадороката беше запознаена со досегашниот тек на работа на базенот и медицинските третмани кои се одвиваат тука. Дополнително беше разговарано и за потребите за дозаокружување на базенската опрема, која повторно би била финансирана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

— реклама —
— реклама —

Градоначалникот Кирил Пецаков, изрази благодарност и задоволство за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка. Тој ги истакна проектите кои се реализираат со нивна соработка и потенцираше дека Општина Охрид подготвува нови проекти со кои ќе учествува на наредните повици за кои се надева дека повторно ќе бидат поддржани.

— реклама —

Амбасадорката истакна дека до сега е задоволна од соработката и исполнителноста во реализацијата на проектите кои се одвиваат преку Центарот за развој на Југозападен плански регион и Општина Охрид. Таа поденцираше дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања