Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Амбасадорот Андреј Лепавцов повторно избран за член на претседателството на Меѓународната паневропска унија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Pretsedatelstvo-IPEU

Во периодот од 7-9 Јануари, во Европскиот Парламент во Стразбург, Меѓународната паневропска унија, го оддржа своето Генерално собрание, на која учествуваа над 200 делегати од националните паневропски движења од 22 земји ширум Европскиот континент, вклучувајќи ја и делегацијата на Паневропската унија на Македонија.

— реклама —

На Генералното собрание беше реизбран Д-р Андреј Лепавцов, за член на претседателството на Меѓународната паневропска унија, а досегашниот претседател Ален Тереноар го потврди својот нов петгодишен мандат како шеф на организацијата.

— реклама —

Во својот говор, претседателот Тереноар се осврна на делото на неговите претходници, на големите визионери, основачот на Паневропската унија, Ричард Куденхове Калерги и долгогодишниот претседател Ото фон Хабсбург.

Како специјални гости на Собранието говореа и потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд и министерот за надворешни и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман.

Министерот Грлиќ Радман зборуваше за приоритетите на хрватското претседателство со Европската Унија. Тој, исто така, се осврна на земјите од Европскиот југоисток, кои се стремат кон влез во Европската унија. Тој нагласи дека Хрватска ги разбира земјите од тој дел на Европа и верува дека Самитот во Загреб во мај ќе биде можност да се дефинира политика за Југоисточна Европа за следната деценија. Воедно истакна дека силно го поддржува започнувањето на преговорите со Македонија и Албанија и дека се надева за почеток на преговорите пред самитот во Загреб.

На конференцијата, меѓу останатото, беше истакнато дека обединувањето на Европа не може, но и не смее да се случи без целосно и недвосмислено вклучување на сите земји од Југоисточна Европа, што е несомнено потврда на визијата на Паневропското Движење, како најстара организација за обединета Европа, формирана уште во далечната 1923 година.

фото: Паневропска унија на Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања