Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Амбасадорот на Австрија во посета на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Screenshot-2023-10-17-at-10.12.11

„Денеска имав чест да разговарам со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

— реклама —

Една од главните теми на нашата средба беше можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот. Разговаравме и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање на градот, исполнување на препораките од УНЕСКО, можностите за странски инвестиции и богатото културно наследство во Охридскиот регион.

— реклама —
— реклама —

Го запознав амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и мерките кои се преземаат за воспоставување на финансиска стабилност на општинскиот буџет“, напиша Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања