Промени тема
Контакт

Амбасадорот на Франција Бомгартнер во посета на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
363759728_749589530514397_6235165525776730531_n

Денеска остварив протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —

„Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓународно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во насока на промоција на ликот и делото на светски познатиот научник д-р Анастас Коцарев.

— реклама —

Разговаравме и за приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, со посебен акцент на проектите за заштита и зачувување на животната средина, Охридското Езеро и исполнување на препораките на УНЕСКО. Исто така, се разговараше и за конкретни активности во делот на образованието и интересот за изучување на францускиот јазик во основните и средните училишта во Охрид.

— реклама —

Ја потенциравме и важноста на континуираната поддршката од страна Француската амбасада за фестивалот Охридско Лето. Во рамки на овогодинешната програма на 3. август во Црквата „Света Софија“ ќе се одржи Француска вечер на која ќе настапат врвните француски пијанисти Ан Дезомбре и Уго Леклер“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања