Промени тема
Контакт

Амбасадорот на Република Црна Гора во посета на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Ambasador_13062023002

Н.Е. Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора, при денешната посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Во срдечна атмосфера разговараа на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.

— реклама —
— реклама —

Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за можностите за соработка во делот на подготвување на проекти, како и за економска соработка со организирање на регионални економски форуми помеѓу малите бизниси од Македонија и Црна гора.

— реклама —
— реклама —

Исто така, градоначалникот и амбасадорката разговараа и за соработката што Охрид ја има со црногорската општина Котор и за размената на искуства со УНЕСКО. Заеднички се сложија дека Организацијата на градови со светско културно наследство (OWHC) треба да продолжи со своите активности и да се организира средба во Охрид помеѓу градоначалниците од градовите кои се дел од оваа организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања