Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Амбасадорот на Словенија Прескер во посета на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
IMG_5006

Амбасадорот на Р. Словенија Н. Е. Грегор Прескер во придружба на Почесниот словенечки конзул со седиште во Охрид, Шенол Ислам беше во прва официјална посета на Општина Охрид.

— реклама —

На работната средба се разгледуваа можностите, проекти на локалната власт од областа на екологијата, животната средина и водоснабдувањето да бидат поддржани од словенечката влада со аплицирање на меѓународни тендери.

— реклама —

Двете страни изразија согласност за воведување дирекни авионски линии Охрид – Љубљана особено во летниот период од годината со намера да се зголеми бројот на туристи во двете земји.

— реклама —

Амбасадорот Прескер беше информиран за добрата соработка меѓу локалната и централната власт и поддршката што општината ја добива на годишно ниво за реализирање на предвидените проекти.

— реклама —

Високиот гостин од Словенија го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој долги години е заштитен од УНЕСКО поради својата природна и културна реткост и посочи дека ќе се заложи за зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања