Промени тема
Контакт

Амбасадорот се враќа во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
makedonskiot-ambasador-vo-kiev-krum-efremov-makedonskite-gragjani-se-na-bezbedno

Соодветно на состојбите на терен, Министерството за надворешни работи испраќа дипломатска екипа во Украина, и тоа во состав на актуелниот амбасадор во земјата Крум Ефремов, заедно со уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

„Воедно информираме дека досега околу 50 наши државјани ја имаат напуштено Украина, додека 50 се сѐ уште на Украинска територија како и нивни членови на семејство украински државјани. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори; нивното движење постојано го следиме сѐ до нивното напуштање на земјата, а потoа, нашите амбасади и конзулати од соседните земји ги преземаат сите активности за нивен безбеден трансфер назад кон земјава.

— реклама —
— реклама —

Информираме дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

— реклама —

Министерството за надворешни работи продолжува одблиску да ја следи состојбата и за секоја нова промена соодветно ќе ја информира јавноста“, велат од МНР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања