Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Американец предизвикал тепачка во авион, реагирале и воени авиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
avioni

— реклама —

Холандското воздухопловство испрати два воени авиони Ф-16 да придружат патнички авион на компанијата КЛМ на линијата Абу Даби-Амстердам, во кој агресивен патник почнал тепачка, соопшти портпаролката на војската, Џоана Хелмондс.

— реклама —

„29-годишниот Американец стана агресивен откако му било кажано да седне на своето место. Следуваше тепачка, а екипажот и патниците успеаја да го совладаат“, рече таа.

— реклама —

Неколку патници се полесно повредени.

Авионот ербас А330-200 добил дозвола да слета на аеродромот Амстердам-Шипол, а полицијата го уапсила бунтовникот, кој потоа беше испратен на психијатриски преглед.

Портпаролката на КЛМ, Хелен Макинга, рече дека холандската авиокомпанија „жали поради инцидентот“ и дека екипажот постапил според пропишаната постапка.

— реклама —

Военото воздухопловство наведе дека ловците, вооружени со проектили, не се испраќаат освен во исклучителни околности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања