Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Американски хаб во Општина Ѓорче Петров - нов простор за знаење и развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library1euss43o2p7ubyunOdj

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, одржа средба со претставници на Американската амбасада, на која беше иницирана воспоставување на ново Американско катче во Домот на културата.

Целта на оваа иницијатива е создавање современ едукативен и културен простор кој ќе биде достапен за младите од општината.

— реклама —

Американското катче ќе овозможи пристап до едукативни ресурси, програми и настани поврзани со образованието, културата и вредностите на САД.

Преку работилници, обуки и интерактивни активности, младите ќе имаат можност да ги унапредат своите знаења, да развиваат критичко размислување и да се поврзат со глобални трендови.

— реклама —

Новиот ресурсен центар е замислен како хаб кој ќе поттикнува развој на вештини во областа на претприемништвото, дигиталните технологии и иновациите, со цел создавање услови за личен и професионален развој на младите од општината.

— реклама —

Со оваа иницијатива, Општина Ѓорче Петров ја потврдува својата посветеност кон младите, образованието и создавањето нови можности за нивен развој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања