Законот за амнестија нема да добие европско знаменце, но ќе се носи по скратена постапка. Тоа значи дека брзо ќе биде и применет. Министерот за правда, Кренар Лога, пак, се правда дека дд затвор нема да излегуваат академци, но нема да биде амнестиран ниту еден избран и именуван функционер. Законот е во Собрание.
Лога кажа дека на пратениците ќе им даде албум со слики од посетата на „Идризово“ и огледало за сите пратеници.
Министерот вели дека тој нема одговорност за состојбите во затворите и најави дека за околу 4 до пет години ќе биде изграден нов затвор во Идризово.
Закон за амнестија: Двајца осуденици за „Монструм“ и Сеад Кочан на слобода
Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе се најдат на слобода со новиот закон за амнестија на Кренар Лога, доколку законот помине во Собрание.Двоецот Азири е осуден на 9, односно на 15 години затвор за помагање по ликвидацијата на четири момчиња и еден возрасен човек кај Смилковското езеро, но со законот кој што го протурка во Влада министерот за правда Лога, а премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека тоa е само за осудени за полесни кривични дела, ќе излезат
Македонија | пред 2 години