„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

АМСМ: Сообраќајот по наместа влажни коловози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
avtopat-640x351

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

— реклама —

Од вторникот, ЈП Македонијапат изведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на патниот правец А2 Тетово – Гостивар крак – село Неготино, од 8 до 16 часот, од понеделник до сабота, во период од 20 дена. Додека се изведуваат градежните работи, тешките товарни возила не можат да го користат овој патен правец. На местото на изведување на градежните работи е  поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот се одвива наизменично во двата правци.

Од ЕВН е најaвено дека од 3 октомври, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија е исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања