Ана Петровска се обврзува да го реши Вардариште, децениски проблем на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-11-112606

Граѓаните на Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, заедно со Ана Петровска се борат за санација на поранешната депонија на Скопје Вардариште. Веќе 25 години сите градоначалници на Скопје си ја предаваат како жежок костен, без да се зафатат со нејзино решавање, вели Ана Петровска кандидат за градоначалник на Скопје.

— реклама —

„Вардариште е небранета територија од 20 хектари на левиот брег на Вардар, на која се уште незаконски се депонира градежен шут, на повеќе локации неформални собирачи селектираат отпад и палат кабли, мебел и отпадни гуми, за да дојдат до метал, кој потоа преку посредници се продава во отпади што имаат дозвола. Од горењето се ослободуваат канцерогени емисии што ги загрозуваат жителите на Гази Баба и Аеродром, но и самите собирачи. Неформалните собирачи се воглавно социјално ранливи лица без лични карти, кои живеат од отпадот што го наоѓаат, или што вработените во Комунална хигиена им го оставаат пред претоварната станица на Вардариште.

— реклама —

Решението е најпрво да се оградат и да се постават рампи на пристапите кон ѓубриштето, а во меѓувреме да се изработи техничка документација и да се обезбедат пари за санација и рекултивација и да се отпочнат градежните работи. Луѓето кои живеат од собирање и горење на отпадот, треба да добијат привремени лични карти и живеалиште и да се вклучат фомално во селекција и компостирање на отпадот на претоварната станица. Казни треба да има за оние што незаконски постапуваат со отпаден метал!

— реклама —

Скопје мора да биде зелен и хуман град“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања